- - Видеорекоред за преку рамо 18,9 MP CMOS 25,4 / 2,3 mm (1 / 2.3") Црн
- - Оптички зум: 20x
- - Мемориска картичка
- - LCD Вграден дисплеј 8,89 cm (3.5")
- - Целосно HD 3840 x 2160 пиксели
- - Вграден микрофон Вградени звучници
- - HDMI Влез за XLR
Снимање и гледање во 4K, HD снимање со 50Mbps, отвори за XQD медиуми, XLR приклучоци и рачни контроли
Вашата приказна. Во 4K детали.
Џиновски чекор кон резолуцијата 4K: Снимајте сцени со четири пати повеќе детали од Full HD, за да добиете реалистичност каква што никогаш досега не сте доживеале.
Погледнете како секоја сцена станува реална: Снимајте детални видео снимки со процесор за слика од професионална класа кој нуди резолуција од 3840x2160.
Овозможува сè да биде рамномерно и остро: Снима видео снимки со 50p и целосна резолуција, при што добивате материјали со неверојатна резолуција, дури и кога се поместувате или снимате подвижни објекти.
Од панорами до снимки одблиску: Снимајте различни снимки со висококвалитетниот G објектив од Sony, кој нуди опсег од широк агол до оптички зум од 20x.
Инспирација од професионалци: Снима 4K и HD видео снимки во XAVC S формат, при што ги компресира фајловите за да овозможи снимање на повеќе материјали отколку со професионалниот формат XAVC.
Сè што ви е потребно е еден кабел: Поврзете го уредот со вашиот 4K телевизор користејќи HDMI® кабел и уживајте во неверојатно остри детали со резолуција од 4K која прикажува повеќе од 8 милиони точки на екранот.
Снимајте висококвалитетни HD видео снимки со 50Mbps: Со XAVC S можете да снимате висококвалитетни Full HD видео снимки со 50Mbps и да ги подобрите деталите со поостра резолуција и побогати бои.
Гледајте поживописни и пореалистични бои: Погледнете ги вашите видео снимки на Triluminos екран и гледајте пореални бои, особено црвените, зелените и сините нијанси, а исто така и природни тонови на кожата.
Снимање и репродукција со голема брзина: Двата XQD™ отвори за картички ќе ви обезбедат сè што ви е потребно за снимање и уживање во 4K видео со одлична брзина, со пренасочување на снимањето за префрлување помеѓу медиумите.
Добијте моќен звук: Поврзете професионални микрофони на XLR приклучоците и снимајте видео записи со врвен аудио квалитет.
Рачно зумирање и фокусирање: Независните прстени за зумирање, фокусирање и ирис овозможуваат брзо зумирање и фокусирање, како и едноставно прилагодување на фокусот.
Контролирајте ја светлината: Изберете помеѓу трите ND филтри за прилагодување на количеството светлина кое преку објективот доаѓа до сензорот за слика, како и помеѓу четирите поставувања на филтрите.
Фино прилагодување за светлите денови: Кога снимате во светли услови, поставете го засилувањето на негативна вредност заради оптимална поставеност на засилувањето и намален шум.
Постигнете кино изглед: Создадете сопствен видео стил преку комбинирање на до пет функции за боја – баланс на белата боја, гама, детали, детали на кожа и матрица.
Брз пристап до функциите: Доделете ги омилените функции на едно од 7-те копчиња за ДОДЕЛУВАЊЕ, заради брз пристап со еден допир, без потреба од менија.
Започнување, запирање: навистина едноставно: Достапни ви се копчиња за започнување/запирање поставени странично на држачот и на рачката, на која исто така има и копче за зумирање за поголема практичност.
Избегнете ја прекумерната осветленост: За време на снимањето, функцијата Zebra со ленти на LCD екранот и визирот ги означува премногу светлите области, за да се избегне целосното избелување.
Означување на областите со остар фокус: Изострувањето ви помага да забележите каде е фокусот на снимката за да можете да ги прилагодите нивоата и да го изберете вистинското изострување за вашата снимка.
Централно поставување на сликите: Едноставно погледнете го центарот на вашата снимка со помош на практичниот обележувач на центарот на LCD екранот или визирот.
Фино прилагодување на боите: Изберете помеѓу четирите типови на ленти во боја, кои ќе ви помогнат да ги прилагодите боите при репродукција на слики на телевизор или монитор.
Sony FDR-AX1, 18,9 MP, CMOS, 25,4 / 2,3 mm (1 / 2.3"), Целосно HD, 8,89 cm (3.5"), LCD
Sony FDR-AX1. Вкупно мегапиксели: 18,9 MP, Тип сензор: CMOS, Големина на оптички сензор: 25,4 / 2,3 mm (1 / 2.3"). Оптички зум: 20x, Опсег на фокусна должина: 4.1 - 82 mm, Тип на стабилизатор на слика: Optical Image Stabilization (OIS). Тип медиум за видеокамера: Мемориска картичка, Компатибилни мемориски картички: XQD. Приспособување на фокусот: Рачно. Баланс на бели бои: Внатрешен, Автоматски