Exmor™ APS HD CMOS сензор со 16,1 милиони точки, Full HD AVCHD видео, 7fps, автопортрети, LCD екран од 6,7см. Само тело.
Преминете на брзо фотографирање и огромни креативни опции со помала тежина за носење
16,1 ефективни милиони точки: Exmor™ APS HD CMOS сензор со висока резолуција за снимање на фотографии и HD видео со мал шум и извонредно брз одзив, дури и при слаба осветленост.
BIONZ процесор со двојно намалување на шумот: Моќниот процесор за обработка на слика обезбедува слики со неверојатно висок квалитет, мал шум и богата градација на тонови.
Технологија на провидно огледало: Замена за DSLR подвижно огледало со фиксно провидно огледало: овозможува извонредно брзо снимање со брз и прецизен автоматски фокус со откривање на фаза.
Брзо континуирано фотографирање со теле-зум: Снимајте динамични движења со 7fps (приоритет на AE) со континуиран AF и дигитален зум од 1,4x за снимање на подвижни објекти одблизу.
Јасно зумирање на слики од 2x: Двојно зголемување на опсегот на зумот; Технологијата By Pixel Super Resolution го зголемува приближувањето и истовремено одржува врвен квалитет на сликата.
Снимање на Full HD видео со брз автоматски фокус: Снимајте Full HD видео снимки во AVCHD 1080i или MP4 формат: со брз автоматски фокус со откривање на фаза и следење - дури и кај подвижните објекти.
Креативни функции за Full HD видео: Вклучуваат наменско копче Видео, контролирање на бленда за прекрасни ефекти со длабочина на поле и можност за избор на креативни стилови.
Автоматско обликување на портрети: Фото апаратот автоматски открива лица и ги отсекува рабовите на сликите за да се добијат потесни композиции со професионален стил без напор.
Напредно прегледување во живо со брз автоматски фокус: Прикажување на слика со целосна резолуција во реално време преку главниот сензор на LCD екранот или на визирот со брз и прецизен автоматски фокус со откривање на фаза.
Режим на панорама со 3D режим на панорама: Притиснете го копчето за бленда и движете го апаратот за да снимите исклучително широки панорамски слики: снимете и 3D панорами и гледајте ги на 3D телевизор.
Широк опсег на чувствителност од ISO 100-16000: Неверојатно висока максимална чувствителност со подобрено намалување на шумот за добивање на природни снимки, дури и при слаба осветленост.
Автоматски фокус со откривање на фаза во 15 точки: Прецизен AF со 3 вкрстени сензори за брзо и прецизно следење на објекти - дури и при снимање на видео снимки: функционира и во режим на прегледување во живо.
Clear Photo LCD екран од 6,7 см (2,7"): Обликувајте го кадарот и прегледувајте ги вашите фотографии и видео снимки со помош на јасниот екран со висока резолуција кој може да се заврти нагоре или надолу и овозможува удобно ракување.
Електронски визир со SVGA резолуција: Висококвалитетен LCD Tru-Finder™ со резолуција од 1,44 милиони точки, 100% покриеност на слика и широк агол на гледање.
Преглед на резултатите врз снимката: Допрете копче за преглед на ефектите од прилагодувањето на решетката, блендата и DRO параметрите врз длабочината на полето, заматеноста при движење и динамичкиот опсег.
Интелигентен автоматски и врвен автоматски режим: Автоматско анализирање на сцените и условите за снимање, прилагодување на параметрите на фото апаратот за одлични резултати за секоја сцена.
Уметнички ефекти на слики кај фотографиите или видео снимките: Направете палета на возбудливи креативни ефекти - вклучувајќи намалување на тонови, делумни бои, ретро, осветлени тонови, монохроматски и фото апарат - играчка.
Напреден автоматски HDR: Автоматско спојување на три секвенцијални експозиции за креирање на единечна слика со ефективен динамичен опсег кој е поширок дури и од филм.
Намалување на шум на повеќе слики: Автоматско комбинирање на серија од шест експозиции за создавање на една слика со исклучително мал шум; еквивалент за чувствителност на ISO 25600.
Режим на рачно снимање во самрак: Автоматско комбинирање на серија од шест експозиции за создавање на една слика со намалено заматување и намален шум при слаба осветленост.
Креативни стилови: Избор од 6 опции за завршна обработка на сликата кои ќе одговараат на повеќе ситуации за снимање - можно е прилагодување за уште поголема креативна контрола.
Откривање на лице: Препознавање на 8 лица во сцена, оптимизирање на оптимална експозиција, баланс на белата боја, блиц и други поставувања за прекрасни портрети.
Бленда со функција за насмевка: Автоматско активирање кога некое лице ќе се насмевне со прилагодлива чувствителност за откривање насмевки.
Оптимизатор на D-опсег: Врши анализа на сликата во реално време, прилагодувајќи ги осветленоста и контрастот за добивање на поприродни сцени и рамномерна експозиција при задното осветлување.
Разновидни режими на придвижување: Во режимите на придвижување спаѓаат режимот за континуирано напредување, тајмер, групирање на експозиција и групирање на балансот на белата боја.
Внатрешен SteadyShot: Оптичка стабилизација на сликата која нуди перформанси против потреси од 2.5-4.0 чекори со објективите со A-приклучок од Sony или Konica Minolta.
Компензација на сенките и аберацијата: Интелигентна корекција на сенките на сликата (периферни сенки), латерална хроматска аберација и изобличувањето за секој објектив со A-приклучок.
Двоен систем за заштита од прав: Го намалува наталожувањето на прав врз сензорот при менување на објективите.
HDMI® излез: HDMI® излез за гледање на HD телевизор, плус PhotoTV HD режим за оптимизирање на фотографиите кои ги гледате на компатибилен BRAVIA телевизор.
BRAVIA Sync: Овозможува директна контрола на функциите за репродукција на фото апаратот преку далечинскиот управувач од BRAVIA® телевизорот.
PlayMemories Home: Испорачаниот софтвер го олеснува префрлувањето на фотографии и HD видео снимки на вашиот компјутер за едноставно пребарување, подредување и споделување.
Sony SLT-A37, Црн
Sony SLT-A37. Дијагонала на екран: 17 cm (6.7"). Тип на визир: Електронски. Боја на производот: Црн